Пред 40 години, на денешен ден, на 45-то издание на доделувањето на наградите на Филмската Академија, Марлон Брандо одби да го земе својот Оскар.
Легендарниот Брандо победи во категоријата за најдобра машка улога за ликот на Дон Вито Корлеоне во филмот „Кум“, но тој воопшто не се појавил на церемонијата.
Во негово име, Оскарот го одби Сашин Литлфедер, припадничка на Апачите, која ја пренесе порака на Брандо, дека не може даја прифати оваа ценета награда поради дискриминаторскиот однос на Холивуд кон американските Индијанци.