(ВИДЕО) Мисајловски: Обновата доаѓа насекаде во Македонија, граѓаните заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува

Од:

„Денеска имаме една убава прилика и можност да сме во Бутел. Доста граѓани дојдоа на оваа средба што мене навистина ми е драго да разговараме за обновата што доаѓа, за исте мерки кои ВМРО-ДПМНЕ планира да ги стави во програмата која набрзо ќе излезе и ќе ги опфати сите категории на граѓани, односно во сите сфери на општеството ќе биде таа програма присутна.

Драго ми е што доста непартиски луѓе дојдоа тука, луѓе кои што навистина си ги кажаа своите маки, дадоа критики, но и дадоа многу убави сугестии и ни дадоа ветер во грб како да продолжиме понатака. Обновата доаѓа насекаде во Македонија, добро е овие средби што ги правиме се почесто, раководството на ВМРО-ДПМНЕ е постојано на терен и ќе продолжи да биде на терен. Набрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, набрзо народот нека биде подготвен да се приклучи целосно кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи крајната цел е да ја обновиме Македонија и да направиме силна и просперитетна држава“, рече Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се ова што го правиме на терен нека биде лекција за сите нас дека има доста граѓани кои што имаат свои проблеми и треба тие проблеми да им ги решиме. Партиите се за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане народна партија, ние ќе продолжиме на терен, ние ќе продолжиме да се гледаме со сите луѓе. Се разбира и со луѓе од партијата, но и со многу луѓе кои што доаѓаат непосредно да се приближат. Ќе бидат отворени овие средби за секој еден да дојде да го каже своето мислење, а се разбира тоа ние утре да го направиме, Тој проблем нивни или сугестија да го направиме подобро нешто, односно да ги решиме тие проблеми.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ е бренд, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со работа на терен, затоа што граѓаните на Република Македонија заслужуваат многу проекти, заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува“, изјави Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски