Македонската одбојкарска репрезентација ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Жрепката што се одржа попладнево во Луксембург, ги смести „црвено-жолтите“ во групата Ц заедно со селекциите на Данска, на Турција и на БиХ.
Група А: Холандија, Шведска, Хрватска
Група Б: Бугарија, Австрија, Израел
Група Ц: Данска, Македонија, Турција, БиХ
Група Д: Шпанија, Летонија, Молдавија, Кипар
Група Е: Словачка, Романија, Швајцарија, Романија
Група Ф: Грција, Црна Гора, Азербејџан, Грузија
Група Г: Белорусија, Португалија, Норвешка, Унгарија
Квалификациите ќе се играат во летниот период.
Победниците на седумте групи и петте најдобри второпласирани селекции ќе осигураат пласман на завршниот турнир наредната година.