“УНХЦР” бара Грција да ги забрза плановите за пренатрупаните центри за бегалци

Од:

Високиот комесаријат за бегалци на ОН “УНХЦР” побара од грчките власти да ги забрзаат плановите за олеснување на работата на пренаселените центри за прием и идентификација на мигрантите на грчките острови со префрлување на повеќе баратели на азил во соодветно сместување на копно.

“УНХЦР” исто така изрази подготвеност да ги поддржи трансферите и брзо да најде решение за зголемување на капацитетот на прифатните центри.

На прес-конференција во Жeнева денеска е нагласено дека илјадници жени, мажи и деца во моментов се сместени во мали шатори и се изложени на студ и дожд со минимален или никаков пристап до греење, електрична енергија или топла вода.

Хигиенските услови се опишани како небезбедни, а здравствените проблеми се зголемуваат, изјавија претставниците на “УНХЦР”.

И покрај посветеноста на медицинскиот персонал и волонтерите во центрите, многу луѓе немале пристап до лекар поради недостиг на неопходен медицински персонал во прифатните центри и во локалните болници.

Според “УНХЦР”, повеќето баратели на азил и мигранти се семејства.

Една третина од мигрантите се деца, повеќето на возраст под 12 години, додека над 36.000 баратели на азил во моментот се сместени на пет грчки острови во центрите за прием со капацитет до 5.400 лица.

“УНХЦР”, исто така, се осврна на тензиите кои од неодамна се забележани на грчките острови, истакнувајќи дека е неопходно да се врати довербата на локалното население, и тоа преку координирана акција на владата и силна поддршка од ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ