„Ривали сме на теренот, но меѓу нас постои исклучителен респект“, рече Роџер Федерер за Рафаел Надал пред нивниот егзибициски меч во Кејп Таун од кој сиот приход ќе оди во Фондацијата на швајцарскиот тенисер која потоа ќе го проследи за образование и спортски програми за децата во Африка.
„Мислам дека одлично се разбираме со Рафа. Сакаме да се гледаме, да разговараме и се обидуваме да правиме се за тенисот да оди во вистинска насока.
Се сеќавам кога Рафа беше помлад, беше срамежлив и велеше – што да посака Роџер, за мене тоа е во ред. Потоа карактерно се зацврсти“, вели Федерер.
Тој со комплименти зборуваше за неговиот долгогодишен ривал од Шпанија кој има само една гренд слем титула од него.
„Ривалството меѓу нас да се засилува бидејќи бевме на првото и на второто место во светот.
По толку време, денеска сме во финална фаза на нашите кариери.
Живееме поинаков живот, но имаме исклучителен меѓусебен респект. Имавме многу заеднички промоции, помагавме на загрозените од пожарите во Австралија, игравме на Мајорка на пола терен со земја, а пола со трева.
Игравме за неговата Фондација во Мадрид, на што тој возврати на идентичен начин во Цирих“, додаде Федерер пред егзибијата во Кејп Таун.