“УСЈЕ”: Вонредната контрола покажа дека работиме според европските и домашните стандарди

Од:

Цементарница “УСЈЕ” денеска преку соопштение посочува дека резултатите од вонредната контрола на алтернативното гориво за потребите на компанијата уште еднаш докажале дека работат според највисоките европски и домашни стандарди и дека употребуваат гориво кое е еколошки безбедно.

Потврдата од независната лабораторија од Естонија, исто така, покажа дека сите спротивни тврдења искажани во јавноста се комплетно неосновани и шпекулативни и дека, за жал, воопшто немаат за цел да се идентификуваат вистинските и реални причинители на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје, наведуваат од компанијата.

Цементарница “УСЈЕ” и понатаму, се додава, ќе остане отоворена за граѓаните, граѓанските здруженија и невладиниот сектор кои се заинтересирани за аргументиран и одговорен дијалог.

Повторно ги повикуваме сите заинтересирани да нѐ посетат и да ги добијат информацииите засновани на факти.

Искрено сме убедени дека заедничка цел треба на сите да ни биде точното информирање на јавноста и реални активности за подобрување на состојбите со животната средина во нашиот град, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Владата нема проблем со дислокација на УСЈЕ, но за загадувањето треба системско решение, вели Мицкоски

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер

Левица: Облаци црн чад од оџаците на цементарница УСЈЕ – нема реакција од надлежните

А1он