Олимпискиот факел за првпат ќе тргне на пат со жена

Од:

Ана Коракаки ја добие честа да биде прва жена во историјата со која олимпискиот факел ќе тргне од „родното место“ на Олимписките игри кон Токио, градот домаќин на настанот ова лето.

Таа е носител на златен медал во стрелаштво од Игрите во Рио де Жанеиро пред четири години.

Предводник на грижливо подготвената церемонија ќе биде грчка актерка која ќе се појави во улога на грчка свештеничка и ќе го запали оганот со помош на огледало во облик на сад со фокусирање на топлина на сончеви зраци кон факелот.

Факелот потоа ќе биде предаден на Коракаки, а во првите седум дена ќе мине низ Грција пред да биде врачен на официјални лица од Токио на церемонија во Атина.

И во последната „измена“ од штафетното предавање на факелот ќе биде жена – Катерина Стефаниди која се закити со злато во скок со стап во Рио во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?