„Коха диторе“: Косовската Влада усвоила нацрт-документ за српските општини во Северно Косово

Од:

Косовската Влада усвоила нацрт-документ со кој се определува начинот на организирање и надлежност на асоцијацијата на општините со српско мнозинство во Северно Косово, пишува весникот „Коха диторе“.

Весникот наведува дека вчера Владата усвоила едногласно и без разгледување нацрт-документ за стимулирање на меѓуопштинската соработка, во кој се определуваат областите, надлежностите и критериумите за таквата соработка.

Според информација на „Коха диторе“, областите за соработка се социјалниот и економски развој, развојот и користење на земја, градското и руралното планирање, заштитата на животната средина и развојот на туризмот, заштитата на културното наследство и развојот на меѓуопштинската инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица