Средба на Османи и Димитров со министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман

Од:

Во рамките на работната посета на Загреб, попладнево заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретнаа со министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, во период кога Република Хрватска е претседавач со Советот на Европската Унија во првата половина од оваа година.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи изјави: “Содржински, документот навистина претставува одлична основа да се обезбеди еден строг, политички контролиран, но и фер процес на преговори, не само бирократски и техничко постигнување бенчмаркови, туку процес кој ќе обезбеди јасни критериуми за забрзан развој што ќе биде видлив и за земјите од Унијата, но и за граѓаните на земјите кои преговараат”.

Во слична насока министерот за надворешни работи, Никола Димитров истакна : “Имаме среќа што токму во овој период Хрватска претседава со ЕУ, време на предизвици но подеднакво и на можности”.

Се надеваме дека наскоро ќе можеме да постигнеме двоен успех преку усвојување на одлуката за почеток на преговорите и подновената методологија.

Новата методологија на ЕК може да биде многу добра за оние кои ќе бидат успешни во спроведувањето на реформите но и лоша за оние кои ќе бидат неуспешни.

Северна Македонија планира да биде добар студент и ќе ги искористи бенефитите од новиот пристап.

Очекуваме пробив во март и ќе им помогнеме на хрватските колеги да имаат успех на Загрепскиот самит во мај, истакна Димитров.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата