Медицинските експерти и инженерите најбарани во светот и во ЕУ

Од:

Околу 200 милиони емигранти, односно луѓе, кои си заминале од матичната земја, во моментов се регистрирани на светскиот пазар на труд.

Според податоци на истражувањето на Би-Би-Си за мобилноста на работната сила и можностите за вработување, најбарани на светскиот пазар, а со тоа и во Европската унија во моментов се медицинските експерти, каде спаѓаат лекарите и медицинските сестри. Дури 21 земја има сериозен дефицит во оваа сфера.

На цена особено се физиотерапевтите, кои без проблем ќе најдат работа во Австралија, Канада, на Нов Зеланд и во САД, додека во Европа дефицит во оваа професија е забележан во Белгија.

Високообразованите експерти, инженери од сите струки, на цена се во цела Европа.

Посебно се издвојуват инженерите од градежништвото, електротехниката, електрониката, хемијата, рударството, инженери и проектанти на компјутерски системи, како и програмери.

Проценките, базирани на економската состоба во ЕУ во 2008 година, говорат дека на Унијата во следните 37 години, до 2050 година, ќе и бидат потребни 56 милиони емигранти на пазарот на труд.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија