Косово очекува напредок на преговорите со Србија

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај очекува напредок во преговорите со Србија на состанокот на премиерите на двете земји што треба да се одржи на 2 април.

– Ова е дијалог за нормализирање на односите меѓу двете страни како одделни и независни држави, изјави Хоџај.

– Сметам дека ќе има напредок на 2 април. Ние работиме на тоа, но сметам дека причината што нема напредок е Белград, а не Приштина, истакна тој.

Хоџај изјави дека верува оти никој во Брисел нема интерес од создавање на српска република во Северно Косово и дека секој што го предлага тоа, е „против мирот, безбедноста и стабилноста на Косово и регионот“. Тоа е нашата црвена линија, предупреди Хоџај.

Србија не ја признава независноста на Косово, но е под притисок од ЕУ да ги подобри меѓусебните односи и да се надминат поделбите меѓу албанското мнозинство и српското малцинство на Косово.

Двете страни не постигнаа договор на 21 март по долгите преговори меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, на кои домаќин беше високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина