Истанбул прв фаворит за домаќин на Олимпијадата во 2020 година

Од:

Градот Истанбул за добивање на организацијата на Олимписките игри во 2020 година има силна поддршка од турската Влада како и стопанствениците во таа земја, изјави потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Крег Риди.

Во текот на четиридневната посета на Истанбул, Риди беше запознаен со можностите кои ги нуди градот на „Босфорот“. Претставникот на ИОК беше воодушевен од подготвеноста и желбата на Турците да бидат домаќини на најголемиот светски спортски собир кој се случува еднаш на четири години.

– Истанбул настапи со Буџет од скоро 20 милијарди долари, средства предвидени за изградба на најмодерни спортски градби со што би се овозможили безпрекорни услови за сместување и постигнување врвни резултати. Понудената сума од страна на турскиот град е далеку поголема од другите два града заинтересирани за домаќинството на Олимпијадата во 2020 година, а тоа се Мадрид и Токиои и поради тоа во моментов прв фаворит е Истанбул, истакна Риди.

Токио еднаш беше организатор на ЛОИ 1964 година, додека Мадрид и Истанбул се надеваат на прва организација.

Конечната одлука за градот домаќин на Олимпијадата 2020 ќе биде донесена на седница на Генералното собрание на ИОК на 7 септември 2014 година во Буенос Аирес (Аргентина).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он