(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев треба кривично да одговара за манипулациите и злоупотребата со случајот „Монструм“

Од:

„Зоран Заев е вистинскиот монструм. Тој од почетокот на 2015-та година на прес конференции, изјави, интервјуа и митинзи постојано го злоупотребуваше убиството на четирите деца и рибарот кај Смилковско Езеро и со тоа директно си играше со чувствата на родителите, но и на целата македонска јавност.

Заев треба кривично да одговара затоа што истрагата ја насочи во погрешен правец, а истовремено лично тој ги ослободи убијците. Заев за овој случај треба да лежи во затвор.

Да потсетиме како Заев играше со една ваква тема за да добие ситни политички поени“, рече Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, за германскиот весник „Ди Цајт“ во мај 2015-та година изјави дека седум етнички Албанци кои се осудени за случајот „Смилковско езеро“ невини лежат во затвор. Поминаа почитувани, 5 години од тогаш, а Заев не објави ниту телефонски разговор, ниту транскрипти, ниту докази за тоа што манипулираше со родителите на овие убиени деца.

Тој изјави: „Големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам тоа во самото интервју. Секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско Езеро, или проектот на владата „Монструм“, кој што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелоденам и болна вистина“.

Намерата му била јасна, монструозно да го искористи овој масакр, да сее магла и сомнежи истовремено за политичарите од неговиот опонент, се со цел да стекне политичка корист и да се добере до власт. Каде се сега почитувани, сомнежите на Зоран Заев? Каде се неговите ветувања давани на роднините на жртвите дека ќе обелодени нова болна вистина? Каде се доказите кои што тој ги наводно поседувал и кои воделе кон ново светло за масакрот кај Смилковско Езеро?

Измамникот Заев и неговата некрофилска политика излегуваат полека но сигурно на виделина. Само човек без образ може после толку многу лаги и манипулации да им погледне во очи на роднините на убиените деца и на сите граѓани на Република Македонија.

На 12-ти април Заев ќе биде казнет заради политичката злоупотреба на масакрот кај Смилковско Езеро. На 12-ти април Заев пред судот на народот ќе одговара за сите лаги, манипулации и порази, и за нашата земја и за нашиот народ“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски