Кристина Кох е ветеран која е дел од меѓународната вселенска станица, една од првите жени кои била во експедицијата надвор од планетата земја.
Придружена од рускиот командир, Александар Скворцов и италијанскиот летачки инжинер, Лука Пармитано поставија нов рекорд во престој надвор од земјата.
Експедицијата заврши, а Кох постави нов рекод на жена која најдолго престојувала во вселената.
Кристина Кох ја заврши својата експедиција денес, а откако слета на земјата, таа со насмевка кон јавноста ги поздрави присутните со покажување на двете палци.
Таа на земјата се врати по 328 дена поминати во космосот.
Кох слета во 4:12 или 3:12 по локално време во близина на градот Жезказган во државата Казакстан.
На самото место на слетување присуствуваа и екипите на НАСА и Европската Вселенска Агенција, кој му помогнаа на тимот.