ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на изборите ќе значи нова криза

Од:

„Зоран Заев не смее да бега од избори. Одложувањето на изборите само ќе не втурне во политичка криза и економска апатија.

Македонија тоне на секое поле. Транспаренси Интернешнл ја прогласи Македонија под водство на Заев за најкорумпирана земја во Европа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради партизацијата и криминалот на Заеви угледното списание „Економист“ Република Македонија ја оцени како хибриден режим, што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

Со СДСМ на власт над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.

Со Зоран Заев на чело на државата Македонија е земја со трета по ред највисока младинска невработеност во светот.

Со Заев и СДСМ Македонија само тоне. Потребни се промени. Потребна е обнова. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Избори на 12 април, за брзо надминување на проблемите и последиците од штетното владеење на СДСМ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава