Претставен новиот Ауди А3 седан

Од:

 Германскиот производител на автомобили „Ауди“, непосредно пред Саемот за автмобили во Њујорк, го претстави новиот А3 седан.

Во Европа новиот Ауди А3 ќе биде достапен со три различни четирицилиндарски мотори, ТДИ од 2,0 литри , ТФСИ од 1,4 литри и ТФСИ од 1,8 литри зафатнина.

Дволитарскиот ТДИ дава 150 коњски сили што е доволно за забрзување од нула до 100 километри на час за 8,7 секунди и максимална брзина од 220 километри на час.

Комбинираната потрошувачка на гориво изнесува 4,1 литар на 100 километри со емисија на штетни гасови од 108 грама на километар. Во зависност од моторот на располагање се шестостепен мануелен менувач или С троник менувач.

Димензиите на новиот А3 седан изнесуваат 445 сантиметри должина, 177 сантиметри широчина и 142 сантиметри висина.

Новата функција „драјв селект“ овозможува возачот да ја подеси реакцијата на квачилото, точката не менување брзини и ќе може да се користи во четири различни режими на работа Ауто, Динамик, Комфорт и Индивидуал.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска