Републиканскиот сенатор Мит Ромни на денешната седница по повод судската расправа за отповикување на претседателот Доналд Трамп, изјави дека ќе гласа за разрешување на претседателот од власт.
Ромни, сенатор од Јута и претседателски кандидат на Републиканската партија во 2012 година, засега е единствениот републиканец во ова тело кој изјави дека обвинувањата против Трамп имаат тежина, и дека било неправилно што Сенатот не дозволи сведочење на сведоци, па затоа ќе гласа за разрешување.
Гласањето за тоа дали Трамп ќе биде осуден и со тоа разрешен од функција, или ослободен од обвиненијата покренати од Претставничкиот дом, е закажано за 16 часот по источно американско време.
Претседателот речиси сигурно ќе биде оправдан и ослободен бидејќи потребни се две третини од гласовите на 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес за тој да биде осуден и разрешен од функција.
Во Сенатот, републиканците имаат мнозинство со 53 мандати, демократите се малцинство со 45, двајца сенатори се независни.