Хју Хефнер, оригинален плејбој и основач на истоименото списание, открива со колку жени ја делел постелата во текот на животот.
Во новото интервју за списанието „Есквајер“ (Esquire), осумдесетгодишникот признава дека спиел со илјадници жени во текот на годините.
– Како би можел да го знам тоа. Сигурен сум дека сум спиел со над илјада жени. Кога бев во брак никогаш не мамев, но сето тоа го надоместував кога бев сам, изјави Хефнер.
Хефнер својот прв брак го почна во 1949 година со студентката Милдред Вилијамс, со која има две деца – Кристи и Давид. Бракот траел до 1959 година.
После тоа мораше да поминат речиси 40 години до новиот брак на Хефнер. Ова беше сосема доволно време за да стигне до бројката од илјада жени.
Хефнер во 1989 година повторно го кажа судбоносното „да“ со „зајачицата“ Кимберли Конрад. Тие се разделија по девет години брак, а разводот уследи во 2010 година.
Хефнер во моментот е во брак со Кристал Харис, која во 2011 година го остави неколку дена по првата венчавка, но тие набрзо се смирија.