Во соопштението на ЖРСМ до медиумите е наведено:
Jа известуваме јавноста дека на ден 04.02.2020 година од страна на непознат сторител, извршена е закана по здравјето и животот на наш вработен.
Имено, вработениот, кој не го почитувал незаконскиот штрајк од страна на Машиновозачите предводени од Претседателот на Синдикалната организација НСМПМ – Машиновозачот Душко Чакаровски и започнал со работа во 19.00 ч., веднаш потоа преку телефонско јавување од непознат број, со погрдни зборови му е претено и заканувано со зборовите „тргнеш ли, ќе ти ги скинеме нозете“, додека настрана од него во темнината стоеле луѓе кои му дофрлале погрдни зборови, со што бил видно исплашен за своето здравје и живот, не можел да го издржи притисокот и не бил во состојба да ги изврши своите работни задачи.
Апелираме да не се врши притисок и да не се малтретираат вработените во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје кои се грижат за интересот на фирмата и чесно си ги извршуваат своите работни обрски.
Исто така ја известуваме јавноста дека случајот ќе биде пријавен во полиција, во нивна понатамошна надлежност, со цел да се заштитат животите и безбедноста на нашите вработени.