Во соопштението доставено до медиумите “Движење за чист воздух” информира дека достави барања до Владата.
Апсолутна забрана за увоз на каков било отпад, се до моментот на формирање на функционални контролни механизми и усвојување на директивите кои ги регулираат сите типови на индустрии.
Вклучување граѓански организации во секој инспекциски надзор.
Да се акредитираат лабораториите на МЖС и Хемиски факултет.
Покрај барањата до Владата, “Движење за чист воздух” достави и низа на прашања до “Цементарница”:
1. Имаме информација дека до “Цементарница” има гасификацона мрежа. Затоа прашуваме, зошто не користат еколошки гас во производството, туку користатат кокс?
2. Дали користат валкан мазут, петрол кокс и “РДФ” во урбана средина?
Често во јавноста се збори само за главниот оџак а во самата “А интегрирана дозвола” се наведени повеќе критични места кои треба да бидат предмет на автоматски мониторинг систем.
Каков систем за континуиран мониторинг на отпадни гасови има цементарница?
Иако според законот е наведено дека треба да поседува “ИСО” стандард, дали e тој соодветен за постројките за согорување отпад (ИСО стандард за автоматски моноторинг) да се наведе стандардот, да се покажат калибрационите пасоши и останати документи кои ја покажуваат веродостојноста на истите.
Да се достават досегашните мерења за квалитетот/содржината на користениот мазут и кокс, од референтна лабораторија.
3. Имајќи предвид дека Цементарница поседува “А интегрирана дозвола”, дали се мери излезноста на емисиите на сите точки кои се наведени во истата дозвола?
4. Дали министерството и “Цементарница” може да ни достави на увид какви мерења и резултати се добиваат од “Цементарница”, дали се во склад со нашите законски одредби и во склад со ЕУ директивите?
5. Факт е дека “Цементарница” користи отпад како алтернативно гориво кое подложи под строги регулативи и директиви за контрола на емисии на издувни гасови. Сите постројки за согорување отпад треба да ги исполнуваат строгите ограничувања на емисии, мониторинг, прием и третман на отпад, донесени во согласност со директивата за согорување отпад (2000/76/EC), која е всушност поддиректива на директивата за индустриски емисии (2000/75/EC).
6. Во анекс 4 точка 2,1 се пропишани техничките услови за инценераторски и ко-инценераторски постројки и се пропишува:
Континуирано мерење на:
“NOx”,”SO2″,”CO”,”TOC”,”HCL”, “HF”, жива, прав,”02″, влага во издувниот оџак.
Поктрај континуираните мерења мора најмалку двапати годишно да се прават мерења на тешки метали (арсен, кадмиум, хром, кобалт, бакар, маган, олово , никел, антимон, ванадиум), диоксини и фурани.
Дали министерството и Цементарница може да ни достави на увид какви мерења и резултати се добиваат од Цементарница, дали се во склад со нашите законски одредби и во склад со ЕУ директивите?
7. Дали некогаш, кога и од кого, иако се предмет на “Ви-Ај” директивата, во “Цементарница” се воопшто мерени “HCL”, хидрофлуорна киселина кои се исто така предмет на оваа директива?
8. Дали го поседува стандардот “Ен 14884” за автоматска детерминација на жива? Ако не, наведете кој?
9. За диоксините, дали мострирањето било според ратификуваниот стандард EN 1948-1? Дали детерминацијата и квантификацијата на диоксините и фураните е според ратификуваниот стандар 1948-3? Ако не, наведете кој?