Дејан Недев најдобар македонски каратист за 2019 година

Од:

Македонската традиционална карате федерација денеска ги избра на најдобрите каратисти за 2019 година. Кај сениорите наградата за најуспешен каратист отиде кај Дејан Недев, кај сениорките за Јадранка Недева.

Најдобар клуб е Работнички кој годинава слави јубилеј 50 години постоење, додека најдобар клуб во младинска конкуренција е Шихан од Струмица.

Најдобар тренер кај сениорите – Венцислав Недев. Најдобар тренер во младински категории е Атанас Василев.

Во конкуренција на младинци/јуниори првото место им припадна на Самет Еседов и Мила Саздова.

Најдобар кадет е Ведран Андоновски, кадетка – Антонија Белазелкоска.

Награди им беа доделени и на најмалите категории во двете конкуренции.

МТКФ за придонес и развој на овој спорт во нашата држава им додели признанија и плакети на: КК Работнички, Даниел Димевски од Владата на РСМ, Владимир Богоевски и Сашо Поповски од МОК, Зоран Михајлов – новинар, ветеранот Ристо Сакалиев и на македонските судии во традиционалното карате Ѓоко Томовски, Антонио Зврцинов, Сашо Спасовски, Љупчо Миленковски, Бојан Богдановски и Берта Милевска.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје