Мистериозен мексиканец усмрти седум криминалци и нивните тела ги остави на пластични столици, на прометната крстосница во Уруапан, во мексичката држава Мичоакан.
Како што пренесе „Ројтерс“, на градите на двајца од нив имало ставено порака „Предупредување – Ова ќе им се случи на сите улични крадци, киднапери, силувачи и уценувачи“.
Во соседната сојузна држава Гереро, оваа недела се пронајдени уште седум убиени лица.
Четири цивили и три полицајци, кои што се убиени минатиот петок кога вооружени мажи отвориле оган во бар.
Се претпоставува дека повеќе од 60.000 лица ги изгубија животот од почетокот на мексиканската војна против дрогата, започната за време на владеењето на поранешниот претседател, Фелипе Калдерон.
Според официјалниот извештај, објавен во февруари 2013, во текот на шесте години , колку што трае војната против нарко картелите, исчезнаа повеќе од 26.000 лица.
Елена Георгиевска