(ВИДЕО) Мицкоски: Со новата програма ќе понудиме решение за реалните проблеми на граѓаните

Од:

„Денеска во Велес ќе посетиме два стопански производни објекти, дел од програмата која што е во завршна фаза и која што сме убедени и гарантираме за нејзиниот квалитет дека ќе понуди решение за многу реални проблеми кои што во изминатиот период ги слушнавме од страна нашите соговорници, а се однесуваат на подобрување на условите за водење бизнис во Република Македонија. Но, она кое што исто така е за нас важно да дел од искуствата кои што ете претприемачите од велешката општина ќе ни ги пренесат да видиме дали и како можеме да ги вклопиме во концептот на нашата предизборна програма“, рече претседаетлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Концепт кој што сме убедени дека ќе понуди како што кажав решение за овие реални проблеми. Но, истовремено во текот на денот ќе имаме состаноци и со просветните работници. Изминативе денови во Гевгелија разговаравме со здравствените работници, претходно разговаравме во Радовиш со камионџиите, понатаму со фелата, со занаетчиите во Прилеп. Продолжуваме во деновите кои што следат да ја презентираме нашата програма.

Веќе од ова недела ќе имаме и јавна промоција на дел од тие мерки, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот. Се надеваме на програма и одзив од страна на нашите соговорници кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги вклопи во периодот кој што следи и ќе ги понуди за граѓаните на следните предвремени парламентарни избори во кој што очекуваме да обновата на Македонија победи и поднесе победа која што ќе биде историски најголема во независна и суверена македонска држава“, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО