Во внатрешноста на новата Mercedes Benz S-класа за управување со сите функции ќе има 156 копчиња и прекинувачи!
Меѓу нив, 12 се на управувачот, 23 на возачката врата, 13 на совозачката и уште по 15 на секоја од задните врати, 15 на централната конзола, уште 19 на предниот панел, 10 на таванот во предниот дел, 16 на нумеричката тастатура, „сокриена“ во потпирачот за раката, а по три во зоната за чаши и за ретровизорите. Во моментов од компанијата пуштија само фотографии на ентериерот, а автомобилот во целост ќе го видиме за прв пат на специјален настан во Хамбург.