А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на спрегата на Заев со мафијашко подземје ја плаќаат граѓаните и полициските службеници во Македонија

by А1он04/02/2020 - 09:52159
Share0

„СДСМ и Заев на криминалците им дадоа закрила и дозвола да царуваат со улиците во Република Македонија. Откако СДСМ дојде на власт целосно се наруши безбедноста во Македонија и повеќе никој не е сигурен ниту надвор, а ниту во својот дом.

Добивај вести на вибер

СДСМ по принципот „секој си се грижи за своите“ само што ја презеде власта ослободи над 800 криминалци кои повеќе од две години дивеат по улиците. Како резултат на амнестијата која СДСМ им ја даде на овие лица секојдневно сме сведоци на грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили, како што можевме да видиме и стрелање на полициските службеници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Полицаец на должност во Велес беше ранет од страна на лице од лице кое било дел од ослободените криминалци со Законот за амнестија кој што го донесе СДСМ пред две години.

Цената на спрегата на Заев со криминалното мафијашко подземје ја плаќаат граѓаните и полициските службеници во државата.

Три години СДСМ, Заев и Спасовски се занимаваат со криминал и црни зделки, наместо со ред и мир. Токму затоа криминалците во Македонија имаат заштита и слобода да дивеат и хараат на секоја една педа во земјава.

Охрабрени од врхушката на власт, криминалците во пресрет на изборите почнаа за го отплаќаат долгот за слободата и да одработуваат за спас на Заев и СДСМ.

Зоран Заев за да си ја спаси сопствената кожа спремен е да ги ризикува животите на сите граѓани во Република Македонија, но и на полициските службеници. Секој еден човек во Македонија се плаши да не биде застрелан тој или член на неговото семејство.

Заев и СДСМ наместо живот како што ветуваа донесоа беда, страв и криминал во Република Македонија.

Ужасот кој го донесе Зоран Заев завршува на 12-ти април кога ќе биде испратен на црната страна на историјата и потоа ќе одговара за сите криминали и злодела. Зоран Заев никогаш повеќе!“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто