Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за прашања на изборите и именувањата, за култура и Законодавно-правната комисија.

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе дискутираат за Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во второ читање, поднесен од пратениците Реџаиљ Исмаили, Мирсада Емини Асани и Агим Шаќири.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдување на повеќе предлог- одлуки за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборите за доделување на државните награди „Гоце Делчев“, „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, „Св. Климент Охридски“, „Мајка Тереза“ и „11 Октомври“.

На собраниската Комисија за култура денеска е предвидена надзорна расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година“.

Законодавно-правната комисија ќе одржи три комисии, 224-та, 226-та и 228-та. На 224-та седница на дневен ред се Предлог-законот за изменување на Законот за јавните собири и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во второ читање.

На 226-та седница на Законодавно-правната комисија на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, поднесен од пратеникот Александар Кирацовски, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024 година, Предлог – законот за остварување на јавниот интерес во културата и Предлог – законот за Агенцијата за разузнавање, сите во прво читање.

На дневен ред на 228-та седница на Законодавно-правната комисија се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за платниот промет во второ читање и Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во второ читање, поднесен од партениците Реџаиљ Исмаили, Мирсада Емини Асани и Агим Шаќири.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска