Виолета Чаповска – добитник на Гран-при на 18. биенална изложба „Зимски салон“

Од:

Уметникот Виолета Чаповска е добитник на Гран-при наградата на 18-та биенална изложба „Зимски салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), која официјално вечерва беше отворена во Чифте амам. Наградата се состои во двомесечен престој во ателје Париз и ја обезбедува Министерството за култура.

Чаповска (1967) е родена во Скопје. Дипломирала на Одделот графика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1991 година, а магистрирала на Универзитетот Кралски институт на технологија во Мелбурн во 1995 година. Таа работи со графика, перформанс, видео, текстил, фотографија и сајт специфична уметност. Има остварено многу самостојни и групни изложби, а нејзините дела се вклучени во многу приватни и државни колекции.

Наградата ја додели националниот координатор за развој на културата Роберт Алаѓозовски. Добитничката Виолета Чаповска, кој во моментов е во странство, се обрати преку видео-конференциска врска. Наградата во нејзино име ја прими внуката Јана.

„Првиот грев – првата доблест“ е темата на 18-та биенална изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) „Зимски салон“.

Кирил Пенушлиски, куратор на 18. „Зимски салон“, на денешната прес-конференција истакна дека разлика меѓу овој „Зимски салон“ и претходниот е во тоа што годинава има само еден гостин, уметникот Александар Зафировски. Според Пенушлиски, Зафировски со своите дела дал придоес да се подигне квалитетот на годинешната манифестација и да даде ново светло не само на неговите дела, туку на целата изложба. Александар, како што рече кураторот, бил првиот и единствениот избор.

На изложбата учествуваат 16 автори: Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Кирил Гегоски, Тања Балаќ, Марјана Костојчиноска Узунчева, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Борче Богоевски, Илина Арсова, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Виолета Чаповска и Слободан Живковски. Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ работеле на едно дело.

Би можело да ве интересира

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

(ВИДЕО) Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики

Ана Ололовска

Јубилејна изложба на ДЛУМ по повод 75 години од основањето

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ

Ана Ололовска

Отворена „Годишната изложба“ на ДЛУМ

Ана Ололовска

Изложба „ДЛУМ нова генерација на млади“ во Арт Хаб

Ана Ололовска