Чулев по сторијата на „А1он“ дека полициски припадници ‘шмркаат кокаин’: Испитуваме дали некој од вработените во МВР постапува несоодветно на законите

Од:

Во однос на објавите во медиумите со наслов ‘Полициски кадар шмрка кокаин на јавно место и за време на работно време’ најпрво изразувам силна осуда на ваков чин кој ниту прилега и доликува на било кој граѓанин, уште повеќе на полициски службеник, вели техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, откако „А1он“ објави дека полициски службеник „шмрка кокаин“ во работното време во кафуле во Прилеп фалејќи се дека е поставен токму од новиот министер.

„Побарав од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди целосно да ги испита наводите објавени во текстот и да постапи во согласност со законските прописи. Истовремено го повикувам медиумот што поскоро до истиот оддел да ги достави сите релевантни докази поврзани со конкретниот случај. Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија со било какво несоодветно однесување и постапување. Законите важат за сите, а особено за полициските службеници и сите останати лица кои се вработени во МВР“, пишува Чулев.

Со реакција се јавија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека „лицето е непознато за партијата“, па бараат идентитетот да се соопшти јавно со што би се утврдило дека станува збор за лице од доверба на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро осудува секаков чин на неморално и незаконско однесување без оглед за кого се работи. Го повикуваме МВР итно и целосно да го расветли случајот и да преземе најостри мерки за прекршителите на законот. За ВМРО-ДПМНЕ нема никаква дилема дека не треба да има никакви компромиси со владеењето на законите и правото“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он