Ердоган ја осуди руската анексија на Крим

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Киев ја осуди „руска анексија на Крим“ и вети дека ќе го поддржи територијалниот интегритет на Украина.

Ердоган, исто така, за време на посетата на Украина рече дека Турција ќе помогне во градењето на станови за 500 семејства на кримски Татари кои се преселиле во другите делови на Украина по анексијата на Крим. Кримските Татари се турска етничка група на Крим.

Говорејќи на прес конференцијата по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Ердоган истакна дека „Турција не ја признава нелегитимната анексија на Крим и дека го поддржува територијалниот интегритет на Украина“.

Зеленски, од своја страна, рече дека Украина смета дека Турција ќе помогне во ослободување на кримските Татари уапсени на Крим. Зеленски, исто така, соопшти дека тој и Ердоган разговарале за можна испорака на природен гас до Украина преку Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски