Албанскиот парламент ја ратификува Спогодбата за отворање македонски културен центар во Тирана

Од:

Албанскиот парламент на денешната попладневна седница ја ратификува Спогодбата за отворање Македонски културно – информативен центар во Тирана.

На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната поддршка за отворање вакви центри.

-Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави, рече Стерјовски.

Тој додаде дека овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни.

-Интересот на нашата земја е да ги интензивира добрососедските односи со Македонија на реципрочна основа во политики, економски и културен план како и во областа на заштитата на албанската заедница во Македонија и македонската заедница во Албанија. Македонците во Албанија и Албанците во Македонија се мост на соработка и братство во албанско-македонските односи, врз основните принципи на меѓународното право засновано на еднаква сувереност, посочи Стерјовски и нагласи дека двете држави заедно се движат по европскиот пат и оти голема е надежта дека во март оваа година ќе започнат преговори за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“