Во Тетово прв пат ќе се организира Априлијада

Од:

Здружението Јаболчиња по повод денот на шегата 1 април в понеделник за првпат во Тетово ќе организира Априлијада со забавен карактер под мотото „Шега за насмевка“, информираше директорот на Јаболчиња, Никола Димовски на денешната прес-конференција.

Тој рече дека веќе се информирани сите основни училишта и градинките во Тетово од каде се очекуваат најголемиот број на учесници на оваа улична забава.

Активностите ќе започнат околу 12 часот напладне на градскиот плоштад од каде сите учесници во колона ќе започнат со прошетката низ централните градски улици и булевари поради што од страна на полицијата определените делови од улиците ќе бидат блокирани за сообраќај на автомобили. На почетокот од колоната ќе се движат музичари, а учесниците треба да бидат маскирани и имаат можност како групи да носат и шеговити пароли. По прошетката од околу половина час повторно ќе се вратат на плоштадот каде забавата ќе продолжи со настап на детските звезди од фестивалите Блета зот и Јаболчиња, а тука ќе бидат прогласени и трите најуспешни маски, изјави Димовски.

Димовски очекува манифестацијата по повод 1 април да стане традиционална и дека на овој начин Тетово ќе го одбележи овој ден во духот на уличните забавни програми карактеристични за големите градови.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски