ВМРО-ДПМНЕ: Заев е причината заради која Македонија пропаѓа

Од:

„Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија тоне, а корупцијата и криминалот цветаат. Со СДСМ и Заев, Македонија длабоко загази во корупција на 106 место според рангирањето на Транспаренси Интернешнл, во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска.

Фрапантниот пад од 13 места на индексот на корупција покажува дека за криминално рекетарската влада на Заев и СДСМ не важи ни закон ни Устав“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава покажува и реномираното списание „Економист“ кое ја оценува Македонија како хибриден режим.

Дополнително на ова според „Економист“, Република Македонија е на 8-мото место во Светот по иселување на млади луѓе од државата.

Македонија е држава во која кршењето на законите, селективната правда, партизирањето на институциите се секојдневие.

Затоа инвеститорите бегаат а Македонија е земја со најнизок раст на платите за 2019 година, а според Евростат дури 36,9 проценти од домаќинствата имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци.

Заев наместо живот донесе режим, корупција и криминал. Ова мора да заврши. Граѓаните се мудри и на 12 април ќе донесат мудри одлуки.

Заев и СДСМ се виновни за сите криминали, порази, измами. Зоран Заев и СДСМ никогаш веќе!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски