Речиси 200 илјади долари за секунда реклама на „Супербоул“

Од:

Телевизиските реклами од 30 секунди што ќе се емитуваат за време на финалето во Лигата на американскиот фудбал, Супербоул, ќе ги чини компаниите 5,6 милиони долари, што е 186,670 илјади долари во секунда.

Минатогодишното финале го гледаа околу 98,2 милиони луѓе, што е намалување во однос на претходните години.

И покрај ова, цените на рекламите не паѓаат. Напротив,  тие секоја година се зголемуваат. Од 37,5 илјади американски долари во 1967 година, до 1994 година, просечната цена на рекламите што се емитувале за време на Супербоул надмина еден милион американски долари. До 2017 година, цената достигна 5 милиони долари.

Според „Ад ејџ“, за рекламирање на Супербоул помеѓу 1967 и 2017 година година се потрошени 4,9 милијарди американски долари.

Во 2018 година, реклама од 30 секунди чинеше 5,2 милиони долари, а минатата година цената се зголеми на 5,25 милиони американски долари.

54. Супербоул се игра вечерва, половина час по полноќ по наше време, на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. Присутните на полувремето ќе ги забавуваат Џенифер Лопез и Шакира, кои првпат ќе настапат заедно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ријана направи спектакл на Супербоул и објави дека е бремена

Билетите за Супербоул најскапи во историјата

А1он

ВИДЕО: Вечниот Том Брејди го освои „Супербоул“ и со Тампа Беј

Катерина Ѓуровски

Супербол 54: Цените на билетите достигнаа рекордно ниво

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дете од публиката го засени шоуто на Џастин Тимберлејк

Наум Локоски