Жител на Осијек е примен во тамошната болница поради сомневање дека е заразен со коронавирус, потврди за хрватските медиуми директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак.
-Вчера е тестиран неколку пати и наодот не е конечен, рече Цапак.
Како што пишуваат медиумите, вчера биле направени четири теста, а денеска се прават нови бидејќе постои сомнеж дека се работи за опасниот вирус.
Пациентот, според неофицијални информации, пет дена е во болница, но сега веќе е во изолација. Не бил во Кина, ниту пак во контакт со некој од Кина.
Цапак нагласи дека болницата во Осиек е подготвена за вирусот.