Зеленски: Вашингтон е клучен сојузник на Украина

Од:

Вашингтон секогаш бил и ќе остане клучен сојузник на Украина во заштита на суверенитетот, изјави денеска во Киев украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој на заедничка прес-конференција со американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Украина исклучително ги почитува напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во денешниот разговор изразив надеж дека САД преземаат поактивна улога во процесот на пронаоѓање мировно решение во источниот дел на Украина и во деокупирање на Крим, додаде Зеленски.

Тој изрази благодарност до Вашингтон што ја поттикнал соработката меѓу Украина и НАТО.

Според него, односите меѓу Киев и Вашингтон се силни и се темелат врз целосна доверба, разбирање и долгорочни заеднички интереси.

Зеленски му се заблагодари на Помпео и за воената помош, поздравувајќи ја поддршката на Вашингтон во реформата на украинските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот