Претставен новиот “Пежо” 208

Од:

Иако првата генерација на моделот “Пежо” 208 на сите нам ни е познат уште од 2012 година, приказната за овој модел датира уште од дамнешната 1983 година и е поврзана со моделот 205.

Токму овој модел, поради своитe покрај останатото одлични резултати во продажбата, е причината да ПСА продолжи со понатамашен развој токму на овој концепт на возила.

Следеше моделот 206 во 1998 година, моделот 207 во 2006, па споментата прва генерација 208, шест години подоцна.

Меѓутоа сето ова беше вчера. Денес, осум години подоцна, зборуваме за втората генерација на моделот 208, каде што “Пежо” промени многу. Нова платформа, но исто така и нов дизајн.

На предната маска, доминираат светла во форма на лавовски заби. Предни светла, кои се земени од многу поголемиот брат “Пежо” 508. Решетката од напред е голема и хромирана, со дизајн кој го надополнува енергичниот изглед на возилото.

Странично имаме атлетски градено возило, а неговата вкупна должина изнесува 4m и 6cm, што е за импресивни 9cm повеќе од моделот од претходната генерација.

Новиот “Пежо” 208, во висина е за 3cm е понизок и 6cm е поширока во однос на претходниот модел.

Со новите димензии поставен на новата модуларна КМП- “Комон Модулар Платформ” (висина 1.430mm, ширина 1.745mm), новиот 208 има и подобро однесување на патот и поголем конфор за патниците.

Од зади најпрво се забележуваат стоп LED светлата во форма на лавовски канџи.

Станува збор за 100 отсто лед светла, вклучени и дење и ноќе, со цел да бидете забележани во секое време и при секаквиуслови на патот од сите учесници кои се наоѓаат зад вас.

Истото е пред сè од безбедносен анспект, но со тоа дополнително се зголемува шармот на возилото.

Внатрешноста, ќе се уверите и сами. Како да го гушка возачот, ќе ве освои уште од првотозапознавање.

Тронот припаѓа на револуционерен “3Д И-Кокпит”, за прв пат е интегриран во овој модел.

Три-де инструмент табла со холограмски приказ. Две површини, поставени една зад друга кои истовремено прикажуваат податоци согласно приоритетот/важноста.

Десет инчен eкран на допир, позициониран соодветно на возачот. Чист и современи линии на столбот на кој се поставени прекинувачи, кои се скратена патека до командите кои сакате да ги зададете.

Прогресивен, компактн и мал управувач со „спуштена спортка“ позиција (по кој брендот е единствен), го крева конфорот на едно многу повисоко ниво.

Наша препорака е правилно да го позиционирате управувачот и седиштето, да ја имате целата прегленост на инструмент таблата и
околината и да направите тест возење со новиот “Пежо” 208.

Само така ќе можете да почувствувате вистинските придобивки на овие револуцинерни изуми на инжинерите и дизајнерите на “Пежо”.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска