На француско-шпанската граница стапи во сила привремената одлука за прекин на примената на Шенгенскиот договор.
Ова е со цел да се спречи доаѓањето на демонстранти пред состанокот на Европската централна банка во Барселона.
Границата привремено ќе биде затворена во согласност со одлуката на шпанското Министерство за внатрешни работи. Границата повторно ќе биде отворена на полноќ в петок 4 мај.
Сите копнени граници ќе бидат затворени за слободен проток, а на аеродромите Жирон и Барселона ќе бидат зајакнати безбедносните мерки.
Се претпоставува дека голем број демонстранти посебно од Италија и од Грција, каде се воведени ригорозни мерки за штедење.