ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот реваншизам на Спасовски ги чинел граѓаните четири милиони евра на годишно ниво

Од:

„Партискиот реваншизам на Спасовски ги чинел граѓаните четири милиони евра на годишно ниво. Оливер Спасовски вчера пред целата македонска јавност потврди дека како прв човек на МВР потрошил 4 милиони евра за исплата на штети по однос на тужби поднесени против него и МВР. Спасовски го чинел македонскиот граѓанин 4 милиони евра поради неговото незаконско работење и несовесно раководење со министерството.

Ова е потврда дека Спасовски многу повеќе го интересирал прогонот и реваншизмот отколку професионалното работење. Стотици професионалци беа уназадени и по неколку скалила само поради тоа што не го поддржуваа криминалното работење на Спасовски. Државата загуби професионален кадар во кој со години и децении инвестираше милиони евра, само поради личните хирови на Спасовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Признанието на Спасовски не е доволно. Тој мора да ги врати парите за кои го оштети буџетот. Набргу тој ќе се најде на обвинителна клупа и ќе мора да објасни кој давал налози за да се делат решенија спротивно на законот. Ќе мора да одговараат и оние кои му помагале за да се знае точно кој одобрувал или не одобрувал прекувремени работни часови.

Ќе се дознаат мотивите за неговото незаконско работење, но што е најважно парите ќе мора да ги врати.

Ќе одговара и тој и соучесниците кои му помагале во злоупотребата на службената положба. По 12 април ќе се врати правдата во Република Македонија и ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што се ставија во заштита на криминалот!“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО