Израел одговори со воздушни напади на палестинските ракети

Од:

Израелската војска соопшти дека започнала воздушни напади „од широки размери“ врз воени цели во Појасот Газа, бидејќи палестинските екстремисти испукале три ракети кон Израел, од кои две биле пресретнати.

Нема извештаи за жртви или штети од размената на оган синоќа, што доаѓа во услови на засилени тензии по објавувањето на американскиот мировен план за Блискиот исток, кој беше поздравен од Израелците, а отфрлен од Палестинците.

Планот предвидува израелска анексија на сите еврејски населби во долината Јордан, нудејќи им на Палестинците самоуправа во Газа, делови од Западниот Брег и некои ретко населени области на Израел, во замена за исполнување долг список на услови.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху го разреши министерот за одбрана на Израел

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Израел: Седум лица загинаа во ракетен напад на Хезболах

ОН: Постои ризик од уништување на античките градови во Либан

Израел тврди дека убил еден од последните високи функционери на Хамас

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он