Јурова: Дигиталната војна на Русија и Кина ја поткопува демократијата на ЕУ

Од:

Русија и Кина водат дигитална војна со лажни вести и дезинформации за да ја поткопаат демократијата во Европа, а Европската Унија мора да развие „алатки“ за да возврати, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јурова.

Таа рече дека двете земји поседуваат „вооружени информации“ и оти нема да се откажат се додека Европа не им се спротивстави.

Постојат надворешни актери, Русија и се повеќе Кина, кои активно користат дезинформации и поврзани тактики со мешање за да ја поткопаат европската демократија, рече Јурова на конференцијата на експерти за дезинформации и креатори на политики во Брисел.

–Двете земји ќе се чувствуваат удобно се додека не покажеме дека нема да ја толерираме оваа агресија и мешање, истакна таа.

Јурова рече дека „дигиталната војна“ е омилена метода на Русија и Кина затоа што тие сметаат дека е ефикасна и евтина, и додаде не е доволно наивна да верува дека некаков разговор ќе ги обесхрабри во тоа.

Европа мора да најде најдобар начин да се одбрани себеси и својата територија и да користи најефикасни „алатки“, вклучително и финансирање и нова политика, подвлече Јурова.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин