(ВИДЕО) Филипче: Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник на коронавирусот кој ќе стигне на Скопскиот аеродром

Од:

Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник кој ќе стигне на Меѓународниот аеродром – Скопје.

Доколку има пациенти кои имаат одредени симптоми на коронавирусот постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација, со мониторирање итн.

Патниците кои доаѓаат од Кина и немаат симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што трае инкубацијата и ќе добијат телефони од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Скопје, Институтот за јавно здравје на кои ќе може да се јават за да ги контактираат лекарите со цел да не бараат здравствена помош во институциите, за да се спречи евентуално ширење на заразата.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, пред термалната камера поставена на аеродромот, низ која поминаа патници од авион што слета од Дубаи.

Тој заедно со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери дојдоа денеска на аеродромот за да ја посетат лекарската екипа која веќе четврти ден врши скрининг на патниците кои доаѓаат од дестинациите Дубаи и Истанбул.

Меѓу патниците кои денеска пристигнаа од Дубаи не беше идентификуван ниту еден ризичен случај.

Филипче посочи дека се прави скрининг со термалната камера за евентуална детекција на потенцијални патници кои биле во контакт со луѓе заразени од вирусот или доаѓаат од поширокиот регион на кинескиот град Вухан, кој е затворен, како и аеродромите во него.

Се обезбедивме од неколку страни. Имаме практично секојдневна комуникација со Управата за цивилно воздухопловство која има директен линк со авиокомпаниите и ни укажуваат однапред дали на овие летови кои доаѓаат од овие две дестинации може да очекуваме патници кои доаѓаат од Кина.

Такви патници засега во нашата земја не се дојдени, ниту пак има со овој лет што сега стигнува од Дубаи, меѓутоа за секој случај ќе се спроведе скринингот, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека веќе контактирале со луѓето кои ја одржуваат термалната камера, да бидат спремни да добијат и повеќе термални камери и повеќе материјали за заштита во смисла на заштитни скафандери и се што треба за да бидат однапред подготвени.

Само за споредба, епидемијата на морбили ја запревме за шест месеци. Ние имавме само четири случаи, додека повисокорангираните земји во регионот имаа над 100 смртни случаи и повеќе од година дена траеше епидемијата.

Навистина сме координирани и подготвени и овие превентивни мерки ќе дадат добри резултати, рече Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Зибери изјави дека досега немало ниту една индикација дека треба да преземат нешто повеќе.

Екипи на Центарот за јавно здравје веќе четврти ден се тука. Сите патници се без симптоми и се надевам дека и натаму нема да имаме нешто посериозно, додаде Зибери.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска