Спукер В6 Венатор

Од:

Холандскиот производител на спортски автомобили „Спукер“ го претстави најновиот модел В6 Венатор, кој за место на пазарот треба да се избори во класата на Порше 911.

Спортскиот модел со средишно поставен мотор има каросерија која целосно е изградена од карбонски влакна врз алуминиумска основа, што заедно обезбедува маса од само 1.400 килограми.

За погонот е задолжен В6 мотор што развива над 375 коњски сили, а погонот се пренесува на задната оска преку шестстепен автоматски менувач.

„Спукер“ има корени од воздухопловството, што се покажува со голем број дизајнерски детали како што се задните ЛЕД светла кои потсетуваат на млазот на борбените авиони.

Иако В6 Венатор се уште е концепт, сериската изведба, која треба да почне да се произведува 2014 година се очекува да изгледа идентично. Цената и останатите детали ќе бидат познати во втората половина на оваа година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска