(ВИДЕО) Николовска: И шверцерот на цигари Боро Малборо добил лиценца за марихуана

Од:

„Скандалот “Канабис – милионите на Заев” го достигна врвот. Денеска ќе објавиме нов скандал во врска со фирма која добила концесија за одгледување марихуана.

Фирмата ЦМД Медплант од с. Борисово, Ново Село, е фирмата која добила лиценца, а чиј сопственик е Перо Стојчев, син на поранешниот осуден градоначалник од СДСМ Боро Стојчев“, рече Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, Владата на Заев издала лиценца на фирма на синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев.

Неспојлива и несфатлива е поврзаноста помеѓу семејството Стојчеви и медицината.

Што ли треба да очекуваме од оваа фирма?

Дали Зоран Заев навистина доделил лиценца на синот на осудениот за шверц градоначалник на СДСМ од Ново Село Боро Стојчев?

Ако видовме дека шверцот на цигари е семеен бизнис на градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, дали ова значи дека нареден семеен бизнис на Стојчеви е шверцот на марихуана?

Која е цената на оваа издадена лиценца? Дали оваа лиценца е издадена во замена за укинатиот семеен бизнис со шверц на цигари од претходно?

Ова е можеби и врвот на скандалот “Канабис – милионите на Заев”, скандал пред кој не смеат да замижат ниту јавноста, ниту институциите.

За ова одговорност мора да има.

Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, меѓу кои и на син на осуден градоначалник за шверц на цигари.

Следува Обнова на Македонија после 12 април и следува одговорност за сето ова што го прави Владата на Заев“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО