Железници Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви

Од:

Железници на РСМ Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви во вредност од 6.414.000 евра, набавени од кинески ЦРРЦ. Со испораката целосно се реализира Договорот за набавка на четири електролокомотиви од кинеската компанија, во вкупна вредност од 8.678.600 евра.

Од Железници Транспорт велат дека со пристигнувањето на новите електро локомотиви, се заокружува Проектот за ревитализација на возниот парк и оти тоа претставува големо задоволство за нив имајќи предвид дека последните локомотиви кои се купени датираат пред 45 години, во далечната 1975 година.

– Освен што ќе го зајакнат транспортниот капацитет на железницата и значително ќе ги намалат трошоците за одржување ќе дадат голем придонес и кон домашната економија и зачувување на животната средина, изјави директорот на Железници на РСМ Транспорт Орхан Муртезани.

Како што потенцираат од Железници на РСМ, електро локомотивите се изработени согласно со најстрогите европски директиви, критериуми и стандарди и ќе овозможат поквалитетен, побрз и побезбеден железнички превоз на пругите на територијата на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски