Еден британски војник почина во болница од раните здобиени во напад на бунтовници во јужен Авганистан, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.
Војникот служел во британските сили во областа Над-е Али во провинцијата Хелманд, кога во понеделникот беше ранет “како резултат на непријателска акција”, наведе министерството.
Со смртта на војникот, чие име не е наведено, бројот на британскиот персонал кој загинале во Авганистан од почетокот на операциите во октомври 2001 година се зголеми на 441, пренесе агенцијата АП.