Гете-институт Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката ќе го прикаже филмот „На иста висина“ – прв од серијата германски филмови на тема „Различности“ (Diversity).
Филмот раскажува за 10-годишниот Михи, сместен во дом за деца без родители по смртта на мајка му. Тој го бара и го наоѓа својот татко, но мажот воопшто не одговара на сликата која момчето си ја создало, зашто Том е со џуџест раст. Михи станува цел на потсмев што ја загрозува неговата врска со Том.
Филмот е снимен во 2015-2016 во режија на Ефи Голдбрунер и Јоахим Долхопф.