Осум бомбаши самоубијци нападнаа полиција во Авганистан

Од:

Пет полицајци загинаа, а четворица се повредени во штабот на полицијата во Џалалабад, на исток од Авганистан, кога осум бомбаши самоубијци истовремено извршија напад на полицијата.

Според авганистанските официјални лица за безбедност, на мета бил полицискиот штаб за брзо распоредување.

До инцидентот дошло кога еден екстремист го детонирал својот автомобил полн со експлозив, пред зградата на полицијата, а потоа уште седум напаѓачи вооружени со експлозивни направи влегле во зградата.

Полицијата соопшти дека трите лица успеале да се дигнат во воздух, додека останатите биле убиени во текот на престрелката со полицијата која траела повеќе од еден час.

Портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид изјави дека тие ја преземаат одговорноста за нападот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан