Абас ќе зборува во СБ на ОН за американскиот план

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ги изложи интересите на својот народ и неговото отфрлање на мировниот план на САД пред Советот за безбедност на ОН за петнаесет дена, изјави палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

– Во таа прилика, нацрт-резолуција треба да биде претставена пред Советот, рече Мансур, без да се прецизира датумот на посетата или содржината на текстот.

Махмуд Абас претходно ќе учествува на министерскиот состанок на Арапската лига во Каиро в сабота, состанок на Организацијата за исламска соработка, а потоа состанок на самитот на Африканската унија закажан за почетокот на февруари, додаде дипломатот.

– Постои можност претседателот Абас да оствари состанок со Европската унија пред да замине во ОН, рече Мансур, повторно без да го прецизира датумот или местото.

Мансур потврди дека мирот со Израел и воспоставувањето независна палестинска држава може да се постигне само со почитување на меѓународното право и признавање на Ерусалим за главен град на Палестинците.

Би можело да ве интересира

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна