(ВИДЕО) Николовска: Дали владата на Заев доделила лиценца за одгледување канабис на неговиот иден зет Иван Проданов?

Од:

„Скандалот „Канабис-милионите на Заев” зема се поголем замав. Денес ќе објавиме уште едно име кое добило лиценца, а е многу блиско до Зоран Заев.

Фирмата „Лајф плант” од Струмица, земала лиценца за одгледување канабис. Сопственик во фирмата Лајф плант се јавува извесен млад лик од Струмица Иван Проданов. Нашите информации говорат дека Иван Проданов е момчето на ќерката на Зоран Заев, Александра Заева.

Значи еве јавно го прашуваме Зоран Заев, дали неговата Влада доделила лиценца за одгледување канабис на неговиот иден зет Иван Проданов, кој има само 25 години и кој зад себе нема ниту еден сериозен бизнис?“, прашува Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така ако се земе во предвид дека за бизнис со марихуана потребни се милиони евра за инвестиција, прашуваме дали можеби семејството Заеви е спонзор на младиот Иван Проданов кој е иден зет на Зоран Заев и дали младиот Проданов е само параван за уште еден бизнис на Зоран Заев?

Ова е начинот на функционирање на семејството Заеви. Сами на себе да си доделуваат лиценци и тендери.

Доколку навистина Заев доделил лиценца за одгледување на канабис на неговиот иден зет, Антикорупциската комисија и институциите ќе имаат полни раце работа.

Заев е потребно да ги разгледа овие работи и да размисли.

Затоа е потребно на 12 април граѓаните масовно да гласаат за пад на оваа Влада на Заев и СДСМ.

Заев и СДСМ се виновни за се што се случува во Република Македонија.

После 12 април следува обнова и ревизија на сите овие сомнителни лиценци кои ги доделил Зоран Заев“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски