Ѓорѓиевски побара од кумановци на поддршка во вториот круг

Од:

Кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За подобра Македонија“ во Куманово Зоран Ѓорѓиевски денеска за заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг и ги повика масовно да излезат во вториот круг на гласање.

Им благодарам на граѓаните кои што имаа чувство да ја препознаат вистинската вредност која се нудеше на овие избори. Голема благодарност и до оние кои се мислеа и кои ќе сфатат дека во вториот круг треба да ни дадат уште поголема поддршка затоа што на овој начин ќе ја потврдат првата промена и првото дело што се случи во Куманово, рече Ѓорѓиевски и додава дека очекува оти Куманово ќе застане на страна на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ за Куманово да стане град со кој ќе се гордеат сите.

Ѓорѓиевски во првиот круг на Локалните избори освои 27.759 гласа.

И Драган Петковски, носител на листата за советници ги повика кумановци масовно да излезат во вториот изборен круг и да гласаат за опцијата на ВМРО ДПМНЕ.

– Сакам да истакнам дека ветувањата што ги дадовме ќе ги реализираме, ќе работиме ефикасно во интерес на граѓаните. Доколку вашиот глас го дадете за Зоран Ѓорѓиевски реализирањето на проектите ќе биде остварливо, а Куманово ќе стане многу поубаво место за живеење од досегашното, рече Петковски.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“